Попоски: Не можеме да направиме чекор напред на патот кон ЕУ ако нема чекор од Атина
Министерот Попоски кој е во дводневна работна посета на Брисел, во интервју за Радио Слободна Европа, изјави дека Грција има други приоритети и сега не е заинтересирана за решавање на спорот со името.
На прашањето дали има некаков нов развој во врска со спорот за името и какви се пораките што доаѓаат од Вашингтон и од Брисел, министерот Попоски вели: -„Всушност, ние моментално повеќе сме заинтересирани што ќе слушнеме од Атина, бидејќи Атина е причината што ние не можеме да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ веќе неколку години, и покрај позитивните препораки. Ние се обидовме да внесеме некаква динамика во тој процес, кој се одвива под покровителство на господин Нимиц. Очекуваме да го подигнеме нивото, да се вклучат премиерите на двете земји, поголема политичка посветеност и Македонија веќе да не биде држена како заложник во евро-итеграцискиот процес на регионот“
- „Ние не можеме да направиме чекор напред без да има чекор од Атина во оваа фаза. Притисокот е само врз Македонија, бидејќи е мала земја и е надвор од НАТО и ЕУ, а притисокот врз Грција е само преку коминикеа, и декларативен и затоа тие имаат комфорна ситуација во овој момент. На Грција приоритет и е економската криза и владата има други поважни работи, па не е заинтересирана, ниту мотивирана да се занимава со прашањето за името“, вели Попоски.
ФОТО: Кајгана