Најопасното училиште на светот: Децата по овие скали се качуваат на карпа висока 800 метри! (ФОТО)

Мала група деца, кои живеат во изолирано село во Кина во областа Чаоџу, секојдневно ги ризикуваат своите животи за да стигнат до училиштето. Тие мораат да се качуваат и симнуваат по импровизирани скали, а тоа патување вклучува и придржување за околните камења!

Најголем проблем претставуваат временските услови како што се дождот, ветрот и снегот, кога теренот станува уште полизгав и нестабилен.

Учениците се стари помеѓу 6 и 15 години, а потребно им е околу два часа за да се псуштат од селцето на врвот на карпата висока 800 метри до училиштето кое се наоѓа во подножјето.

Децата по симнувањето поминуваат две недели во училиштето, па повторно се враќаат во своите домови за да се видат со семејството.

Селото е старо околу 200 години и во него живеат 72 фамилии кои заработуваат за живот одгледувајќи чили пиперки на многу плодно тло.

 

Кинеската влада ја отфрлила можноста за изградба на пат со образложение дека трошоците (околу 8 милиони евра) не би биле исплатливи. Наместо тоа, на жителите им се поделени овци во вредност од 135.000 евра.

Селото во иднина би можело да се приклучи на туристичката индустрија.

 

 
 
27.05.2016 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега