ВИДЕО: Позитив на денот – разиграни полицајци хит на интернет

Заменик шефот на полициската управа во тексашкиот град Ел Пасо, Тони Шерб, после 29 години работа, отишол во пензија. Својата работа си ја вршел многу професионално, па во последните ден од неговата работа, одлучил да направил мала забава за себе и за своите колеги.

Тој воопшто немал поим дека ова видео ќе стане интернет хит и ќе се прошири низ целиот свет.

Кога на разгласот во лифтот во полициската зграда започнала познатата песна Watch Me (Whip / Nae Nae), Тони започнал да танцува, па во тоа му се придружила најпрво едната колешка, а потоа и другите колеги.

Погледнете го видеото кое стана хит на Јутјуб и веќе има над 3,6 милиони прегледи.

 
 
27.05.2016 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега