Млади со чудни симптоми ја полнат болницата во Неготино - докторите зачудени

Зачестуваат млади со чудни симптоми кои побарале медицинска помош во последните два три месеци во Службата за итна медицинска помош во Неготино. Дека станува збор за сомнителни симптоматологии, за „Дневник“ потврдува доктор Ратко Грков, началник на Брза помош.

– Ни зачестија случаевите кога млади доаѓаат по помош со бледа кожа, силно срцебиење и крвен притисок над 200, болки во стомакот, грчеви во мускулите  и стегање во градите. Едни свесни и видно вознемирени, други во бесвесна состојба, носени од блиски.  Одеднаш добиваат тахикардии, пулс или фреквенција на срце од 200 – вели докторот.

Грков нагласува дека симптомите се чудни и поради фактот што пациентите кои ги имаат не кажуваат точна анамнеза. Станувало збор за млади од 15 до 40 години, почесто од машкиот пол,  иако имало и припаднички од понежниот пол. На прашање до  докторот колку се блиску до вистината шпекулациите дека во неготинско наводно се појавила некоја нова дрога која разорувачки делувала врз организмите на тие што ја уживале.

– Кај сите овие лица нема видливи траги дека земале некоја супстанца. Сепак препорачуваме до родителите и наставниците, како и блиските, да обрнат повеќе внимание на своите деца, ученици, блиски, особено ако имаат сомнително однесување-категоричен е  Грков.

 
 
27.05.2016 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега