Трајановски ќе им додели пофалници на претставници од спортските екипи од 29 средни училишта

Во Салата на Советот на Град Скопје, денеска во 11 часот, градоначалникот Коце Трајановски, ќе им додели пофалници и благодарници на претставници од спортските екипи од 29 средни училишта од Скопје, за постигнатите успеси во средноучилишните лиги на Град Скопје, за учебната 2015/2016 година.

Пофалници ќе бидат доделени за освоени пехари и медали во натпреварите од средноучилишните лиги на ниво на Скопје и на државно ниво, а благодарници ќе бидат доделени на преостанатите учесници во лигите.

 
 
26.05.2016 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега