Силен земјотрес ја стресе Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 02 часот и 33 минути, регистрира земјотрес во земјава.

Епицентарот се наоѓа 35 километри западно од Скопје и потекнува од тетовското епицентрално подрачје.

Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од 4-5 степени според Европската макро-сеизмичка скала.

 
 
19.05.2016 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега