Концерти на Каролина и Ljubojna Brass Fantasy во Македонска Каменица

Концертите на македонските музички атракции се оддржуваат по повод десетте години од рестартирањето на најголемиот стопански капацитет во Македонска Каменица, Рудник Саса.

Создавањето на модерна Македонска Каменица е нераскинливо поврзано со постоењето на рудно богатство со олово и цинкова руда на Осоговските планини. Инаку, рудниците постоеле уште во римскиот период, а во 13 век на овие територии доаѓа и гермаското племе Саси, по кое, и селото и рудникот го добиваат своето име. Годинава, Македонска Каменица одбележува два значајни јубилеи, пеесет години од почетокот со современо производство на олово и цинк и десет години од рестартирањето на рудникот. Во последната деценија, успешното функционирање на рудникот е основен предуслов за новиот инвестициски бум, а компанијата е и главен поддржувач на сите значајни општествени случувања во Македонска Каменица.

Одбележувањето на двете значајни годишнини ќе се случи на 10-ти јуни 2016 година, на Градскиот плоштад, а ќе настапат маестралната Каролина Гочева и ултра атрактивните Ljubojna Brass Fantasy. Од Рудник Саса велат дека настанот се организира заеднички со локалната власт и е продолжение на одличниот партнерски однос кој е воспоставен во изминатите години. Бенефит од организацијата ќе имаат и локалните угостители на кои ќе им биде овозможено бесплатно поставување на шанкови и штандови. 

Концертите на Каролина и Ljubojna Brass Fantasy се дополнително збогатување на летната културна понуда во Македонска Каменица, која веќе се подготвува за низа други културни настани и манифестации, како што се Каменичко Културно Лето, Бабина баница, Ден на дијаспората и настапи на многу македонски и балкански музички ѕвезди

 

 
 
19.05.2016 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега