Рајски парк во општина Аеродром: Пловно езеро со педалини и многу животни

 

Од ЕЛЕМ информираат дека Рајскиот парк кој што треба да се гради во Аеродром ќе има и две езера - едно централно, со површина од 17.000 квадратни метри кое ќе биде пловно и таму ќе може да се изнајмуваат педалини и едно мало езеро со површина од 3.400 квадрати. Ќе има и мостови, остров за изнајмување, пристаниште за педалините, простор за одржување интимни прослави на отворено, простор покрај вода за пикник на отворено на повеќе локации, голема ледина за манифестации на отворено, површина за едукација на деца, односно за садење на растенија и зеленчук. Воедно, ќе има и дел за шетање на домашни миленичиња, како и патека за трчање и патека за ролање. Освен мајмуни, од животни ќе има пауни, фазани, елени, пони, живеалишта и хранилки за нив. Ќе се гради и патека за јавање коњи и технички простории за потребите на паркот, како трафостаница, склад и пумпна станица.

Од Општината Аеродром  изјавија дека изградбата на Рајскиот парк е поделена на два дела, од кои едниот дел е на Општина Аеродром и на Град Скопје кај улицата Февруарски поход и тој е веќе во финална фаза, додека изградбата на другиот дел е во реализација на Владата, преку АД ЕЛЕМ. Замислата за издигнување ваква содржина во Скопје беше обелоденета на отворена владина седница од поранешниот премиер Никола Груевски кон крајот на 2012 година.

 
 
18.05.2016 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега