Вондредна временска прогноза - какво ќе биде времето утре?

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб  ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Стабилно и сончево време со умерена облачност ќе биде и во четврток кога правецот на ветерот ќе се промени во јужен. Утринската температура во четврток ќе се движи од четири до 11, а дневната од 21 до 26 степени.

Во петок попладне и во сабота под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд и појава на грмежи. Ноќта меѓу петок и сабота се очекува врнежите да бидат пообилни особено во западните и во јужните делови од земјата. Во петок дневните температури ќе бидат се уште релативно високи и ќе се движат од 18 до 25 степени, додека во сабота се очекува да опаднат и да се движат помеѓу 14 и 20 степени. 

 
 
17.05.2016 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега