Министерство за транспорт: Нема да дозволиме Ременски да дава социјални станови по партиска распределба

Техничката министерка Ременски, собра храброст и излезе јавно да говори за распределбата на становите, но по кој знае кој пат избегна да одговори зошто не дозволува нејзините членови од Комисијата да ги потпишат записниците за да може да се распределат становите, реагираат од Министерството за транспорт и врски.

Во продолжение интегрален текст од реакцијата на Министерството

Техничката министерка Ременски говори невистини и зборува за некаква партиска распределба на социјални станови. Таа е истата Ременски која 119 семејства држи во заложништво веќе неколку месеци уценувајќи ја Комисијата стан да добие лице од Прилеп кое е во роднински односи со висок функционер на СДСМ.

Сакајќи да привлече медиумско влијание, излегува на прес конференција што и ја организира нејзината партија СДСМ и зборува да партиска распредба, а лично таа бара стан да добие лице што е во блиски релации со функционер од СДСМ и лице што не ги исполнува критериумите.

Министерството за транспорт и врски нема да дозволи становите да се делат по партиска линија и по лично барање на техничката министерка Ременски.

Социјалните станови се изградени за згрижување на најранливите категории на граѓани и само тие што ги исполнуваат условите  согласно критериумите што се пропишани во Правилникот, ќе можат да се вслеат во нив.

Дали тоа и се допаѓа или не и се допаѓа на Ременски воопшто не е прашање, Министерството за транспорт и врски нема да дозволи Ременски да ја партизира и распределбата на социјалните станови посебно не за лица кои се од социјален ризик.

Постапката за распределба е направена согласно законските прописи на транспарентен начин. Сите лица што ги исполнија условите согласно критериумите за распределба се најдоа на прелиминарната листа. Комисијата лично ги посети сите тие лица и онаму каде фактичката состојба на терен не одговараше со поднесените документи, тие лица се исфрлија од листата.

Уште еднаш апелираме до членовите на Комисијата да не подлегнуваат на партиските притисоци од Ременски и да ги потпишат записниците за да може сите тие лица конечно да се вселат во становите.

 
 
17.05.2016 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега