Издржете уште малку: Доаѓа сонце и температури над 30 степени

Облачно време со врнежи од дожд и локална нестабилност најавуваат метеоролозите до крајот на оваа недела. Ако планиравте нешто за викендов, гледајте тоа да биде во затворена просторија, бидејќи надвор, временските услови нема да бидат погодени. Температурите за викендот ќе се движат од 10 утринските до 20 степени максималните дневни температури што значи дека цел ден ќе биде претежно облачно и ќе проврнува дожд.
Разведрување и пораст на температурите се очекува по празничниот 24 мај а во текот на наредниот викенд метеоролозите очекуваат сончево време и температури кои почнуваат да наликуваат на крајот на пролетта. Идниот викенд во јужните краеви низ Македонија ќе ја измериме и првата триесетка овој месец, а во Скопје се очекуваат од 27 до 29 степени.

 
 
17.05.2016 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега