Одлуката за распуштање на Собранието утре пред Уставен

Инцијативата на ДУИ пред Уставниот суд за преиспитување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието утре ќе се најде на дневниот ред пред уставните судии. На веб сајтот на Уставниот суд стои дека пред малку е променет дневниот ред за да може оваа инцијатива да се разгледува утре.


Инцијативата ја поднесе пратеникот Талат Џафери. Интересно, ДУИ поднесе инцијатива за преиспитување на уставноста на одлука за која пратениците на партијата гласаа во Собранието.
На оценка на уставноста чека и аболицијата на Претседателот Иванов.

 
 
17.05.2016 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега