Ако неговите тврдења се точни ќе влезе во Гинис - запознајте го човекот кој има 141 година

 

Претставниците на Гинисовата книга на рекорди ќе ги проверат тврдењата на еден Индиец дека тој е најстариот човек на светот со своите 141 година. 

Индиецот има 10 деца, а долго време живеел и работел во Пакистан. И покрај неговите тврдења за возраста, и понатаму овој старец се движи сам без ничија помош и си ги препознава членовите на семејството.

-Сешто сум видел и доживеал во мојот живот. Кога немаше струја, па и кога се живееше во комфор. Како што условите за живот станаа полесни, луѓето се повеќе се оддалечуваат едни од други, вели овој човек.

Доколку тврдењата се покажат како точни, Дин Мир ќе биде најстариот човек на светот и официјално ќе влезе во Гинис.

 

најчитано сега