Асфалтирана улица во Тумба Маџари

 

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски заедно со директорот на ЈП „Улици и патишта“ Синиша Ивановски беше на увид на асфалтирањето на улица во Тумба Маџари.

Општина Гази Баба, како што се наведува во соопштението, ја спроведува оваа активност во соработка со Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ со цел подобрување на патната инфраструктура на жителите на ова место. По завршувањето на канализацијата за ова место е преминато кон завршна фаза, асфалтирање на улицата.

Должината на улицата која се асфалтира е околу 180 метри, а вкупната инвестиција изнесува 500.000 денари. 

 
 
11.05.2016 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега