ДЗС: Поповолна економската состојба во трговијата на мало

За 0,7 проценти е зголемен индикаторот на доверба во трговијата на мало во првиот квартал годинава, споредено со првиот и последниот квартал лани, оценуваат раководителите на фирмите, објави денеска Државниот завод за статистика.

Eкономската состојба на фирмите во трговијата на мало во првото тримесечје од годинава е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна е и во споредба со првиот квартал лани. Раководителите очекуваат дека економската состојба ќе биде поповолна во наредните два квартали. Количината на залихите е намалена во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во првиот квартал годинава во однос на последниот квартал лани е поповолна, а раководителите на фирмите се со очекување дека ќе се зголемат порачките за наредниот период и за бројот на вработените. 

Продажните цени во првото тримесечје од годинава се зголемиле во однос на четвртото тримесечје од минатата година, а очекувањата за продажните цениво наредните три месеци се дека ќе се зголемат. 

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од годинава имале слабата побарувачка на купувачите со 21,1 процент, зголемена конкуренција со 21 проценти и зголемената понуда на пазарот со 15 проценти.

 
 
10.05.2016 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега