Мајката на Мајкл Џексон: Мојот син не беше чудовиште!
Мајката на кралот на поп музиката Мајкл Џексон, Кетрин Џексон, денеска сведочеше пред судот за тужбата која беше поднесена против компанијата AEG, која го ангажирала лекарот кој е во затвор поради несовесно лекување.
Мајката на Мајкл низ солзи раскажа што се случувало: - Најтешко ми е да седам овде, во оваа судница и да ги слушам сите грди работи кои се кажуваат за мојот син, рече таа плачејќи, и се присети за сите добрини кои тој ги направил.
-Тешко ми е да слушам колку тој бил болен. Мојот син не беше чудовиште, рече таа, по што судењето беше прекината поради нејзиниот замор.