Јанкуловска ќе го означи почетокот на проектот „Дисперзирани базни станици“

Денеска министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкулоска, во полициската станица во Бутел ќе присуствува на отпочнувањето со работа на проектот „Дисперзирани базни станици“.

Се работи за проект наменет за граѓаните од скопските општини Бутел, Кисела Вода и Ѓорче Петров, за вадење на биометриски лични документи.

Проектот во текот на оваа фаза ќе се реализира во полициската станица Бутел, полициската станица Драчево и полициската станица Ѓорче Петров.