Божиновски: Политичките партии не смеат да ги киднапираат граѓанските протести

„Кај нас проблемот со протестите е што тие дури и да започнат како еден граѓански револт, многу бргу стануваат киднапирани од некоја од политичките партии“, изјави во дебатата на ТВ Нова Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања – Скопје.

Божиновски додаде дека по таквата политизација на протестите, главните барања на оригиналните демонстранти стануваат маргинализирани во барањата на политичката опција којашто го презела протестот.

„Многу ретко, скоро воопшто не можам да посочам пример каде што во Македонија имаме граѓански протест кој останал тоа и до крај. Дури и оправданиот протест на студентите минатата година тотално се исполитизира и беше преземен од политичка опција и видовме дека потоа сѐ тоа се распадна“, рече Божиновски.

„Недозволиво е, затоа што политичка партија може да даде поддршка, но не смее да го киднапира револтот. Може да даде поддршка и треба да седи на страна“, вели Божиновски.

 
 
05.05.2016 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега