Казна од УЕФА за Вардар поради однесувањето на Комитите

Европската куќа на фудбалот официјално покрена дисциплинска постапка против Вардар за однесувањето на неговите навивачи „Комитите“ пред и за време на првиот натпревар од 2.квалификациско коло во Лигата на шампионите против Стеауа во Букурештм јавува Екипа

Со известување до неговата канцеларија, Вардар е информиран дека постапката е покрената поради несоодветно однесување на „Комитите“ пред влезот на националната арена во Букурешт, но и поради впуштањето во инцидент со домашни навивачи за време на натпреварот.

Во извештајот од делегатот, Холанѓанецот Јохан ван Коутерик е наведено дека во Букурешт пристигнале меѓу 200 и 250 со четири автобуси не баш добро организирани „Комити“ поради што романската полиција имала проблеми да ги спроведе до стадион. Потоа се наведува дека „Комитите“ во 18. минута за време на натпреварот ги напуштиле своите предвидени места за следење на средбата и се впуштиле во инцидент со домашните навивачи доближувајќи се до нив. Но, интересно е притоа што делегатот не наведува дека инцидентот беше испровоциран од страна на дел од романските навивачи кои извадија грчко знаме насочувајќи го кон нашите навивачи.

Интересен детал притоа во извештајот на делегатот Коутерик е наведувањето дека од раководството на ФК Вардар во неколку наврати инсистирале пред управата на Стеауа, заложувајќи се „Комитите“ да добијат бесплатен влез на дуелот, со договорен реципроцитет за реванш натпреварот во Скопје. Но, тоа не било одобрено од Стеауа.

Како што е познато, кај дел од „Комитите“ по пристигнувањето во Букурешт постоеше револт и поради наплатените влезници за следење на првата средба. Од канцеларијата на клубот, пак, информираат дека реализирани се сите активности за патување на

„Ние овозможивме со финансиски средства префрлени на сметката на Комитите два автобуси, или половина од пријавените, да патуваат за Букурешт. Максимално се обидувавме да се добијат и бесплатни билети, согласно реципрочен договор, и не знаеме зошто тоа од страна на делегатот е наведено како негативно“ - велат од канцеларијата на најтрофејниот македонски клуб.

 

Како и да е, ФК Вардар очигледно повторно ќе мора да плаќа казни пред УЕФА поради однесувањето на своите навивачи. Минатата година клубот беше казнет со 10.000 евра поради инциденти на реванш дуелот со БАТЕ Борисов во Скопје.

 

УЕФА информираше дека одлуката по Дисциплинската постапка кон македонскиот клуб ќе ја соопшти на 22. август.

Екипа

најчитано сега