Честитка од Вељаноски за Велигден

 

Вељаноски го честиташе Велигден.

Дозволете ми, од свое лично име и од името на Собранието на Република Македонија, Вам лично и на сите верници на Евангелско - Методистичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.
            Велигден не поттикнува на добра мисла, радост и духовни победи. Христовото воскресение ни ја откри смислата за животот и не направи вечни победници над смртта. Kако христијани потребно е да сме насочени кон почитување на највисоките морални и етички вредности и да сме истрајни во нашите цели. Овој голем ден нека продолжи и понатаму да биде изворот на спокој и мир и да ни дава сила да се бориме против неправдата. Нашиот успех и напредок се темели на создавање на добри дела и почит кон сите луѓе.
            Убеден сум дека, придонесот на Евангелско-Методистичката Црква во Република Македонија со својата хумана и духовна работа придонесува во јакнењето на религиската различност и соживотот кој пак ни го отвора патот на просперитетна иднина на Република Македонија.
            Вам, како и на сите верници на Евангелско - Методистичката црква од Македонија и светот, Ви посакувам овие свети денови да ги поминете во духовен мир, со многу здравје, радост, среќа и бериќет во секој дом.

 
 
30.04.2016 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега