Зошто треба да го извадиме прстенот кога ги миеме рацете?

Миењето на рацете е вообичаена хигиенска навика по вршење на нужда, пред и по јадење, како и во многу други ситуации. Се поставува прашањето, што е подобро: да се мијат рацете со накит или да се извади пред да почнете да се миете.

race

Површината на рацете може да биде преполна со бактерии, па е важно редовно да се мијат во текот на целиот ден. Хигиената на рацете, покрај тоа, многу зависи од накитот кој можеби го носите на рацете.

„Кога ги миеме рацете со прстени дозволуваме водата и сапунот да се собере меѓу прстените и кожата на рацете, што е плодно тло за развој на бактерии. Во болница поминуваме многу време за да ги истренираме луѓето правилно да ги мијат рацете. На вработените не им е дозволено да носат ракавици, прстени и часовници, бидејќи тоа се предмети кои пренесуваат бактерии‟ – вели Ангела Васало, директорка на центарот за инфективни болести во Сент Џонс Хелт Центар во Санта Моника.

Токму поради тоа медицинскиот експерт се залага за симнување на накитот пред миење на рацете, со цел бактериите кои можеби не се видливи со голо око да не се собираат во и околу прстените. Се прашувате зошто не би сте ги измиле нечистотиите во прстенот заедно со рацете? „Кога ги миеме рацете со прстени дозволуваме водата и сапунот да се собере меѓу прстените и кожата на рацете, што е плодно тло за развој на бактерии‟ – вели Ангела Васало. Покрај тоа, на овој начин го штитите и накитот од уништување. Експертите препорачуваат еднаш неделно прстените да ги исчистите со сува и мека крпа, со тоа да посветите големо внимание на нерамнините на накитот. Потоа, накитот ставете го во UV стерилизатор за отстранување на бактерии, а можете да користите и домашни рецепти за чистење.

 
 
28.04.2016 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега