Ѕвезда на Гранд доживеа инфаркт зад воланот со две деца во автомобилот

Фолк пејачот и поранешен учесник во реалното шоу „Парови“ Немања Николиќ имал инфаркт.

nemanja nikolik

За среќа не бил фатален и оваа ѕвезда на Гранд го преживеала инфарктот но добил предупредување од лекарите дека мора да води сметка за своето здравје и меѓу другото мора да го намали стресот.

За се да биде подраматично, до нападот дошло додека Немања бил зад воланот и со него биле сопругата Слаѓана и двете деца.

-Точно е се што сте слушнале, но кога моите родители ќе го прочитаат ова, тешко ќе им падне. Сега сум добро, пијам лекови. Среќа е што сум се уште на нозе. Кој знае што ќе се случеше да ме погодеше во сон. Главно помислив дека е крај, но Боже фала, жив сум и со своето семејство и деца. Ќе се лекувам додека сум жив, не сум ни прв ни последем, изјави Немања за магазинот „Стар“.

 
 
28.04.2016 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега