СЈО призна дека се вршеле претреси во домот на Крпач - сочуствуваме со неговото семејство

Специјалното јавно обвинителство призна дека се вршеле претреси во домот за Коста Крпач, лицето кое вчера се самоуби во скопски Капиштец.
Во писмено соопштение од СЈО велат дека Крпач бил сведок во постапката кој доброволно се пријавил

„Ве известуваме дека лицето Коста Крпач доброволно се јави во ова Јавно обвинителство и истиот имаше својство на сведок во рамки на една предистражна постапка. Соработката со сведокот беше беспрекорна и се работеше за исклучителна личност, така што веста за неговата смрт ги погоди сите вработени во ова Јавно обвинителство. Во оваа прилика, сакаме да изразиме длабоко сочувство до членовите на семејството на сега покојниот Коста Крпач.“ – стои во соопштението на СЈО.

Сепак, од СЈО на новинарско прашање признаваат дека претходно се вршеле претреси во домот на Крпач.

„Веќе сте известени дека лицето Коста Крпач пред ова јавно обвинителство имаше својство на сведок, со кој имавме добра соработка. Во таа насока Ве известуваме дека сведоците немаат право на адвокат и правото на адвокат е обезбедено само на осомничени лица.

Точно е дека во рамки на предистражна постапка се вршени претреси, но со оглед дека предистражната постапка е тајна, можеме само да ве известиме дека тие претреси се вршени согласно законските одредби и истите се соодветно документирани, така што нема сомнение дека се работи за законити дејствија.“ – велат од СЈО.

Останува нејасно зошто СЈО имало потреба да изврши претрес кај лице кое доброволно соработувало.

 

 

 

 
 
28.04.2016 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега