Колку пара патики има основачот на „Најк“?

Коосновачот на концернот за спортска опрема „Најк“, Фил Најт, кој е и претседател на компанијата, откри дека неговата колекција од патики е помала од онаа на повеќето фанови на патики.

najk kolekcija

–Имам околу 50 пара патики во мојот мал плакар, вели Најт во интервју за Си-Ен-Би-Си.

Најт гостуваше на телевизијата, за да раскаже повеќе за своите мемоари, кои веќе се наоѓаат на пазарот. Додека зборуваше за скромната колекција патики, Најт спомена дека најчесто го носи моделот „Nike Pegasus“.

Тој исто така сподели една мудрост, која би можела да влијае на портфолијата на колекционерите на патики во светот, велејќи: „Имам само две нозе.“

 
 
27.04.2016 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега