Facebook воведува новa апликација

Марк Цукерберг изјави на неодамнешна конференција дека корисниците во последно време најмногу гледаат видеа на Фејсбук.

Освен класичните снимени видеа, во последната година на пазарот на мобилни апликации се забележани и апликации за пренос во живо како што е на пример Periscope.
 
Така набрзо и Facebook ја препозна важноста за видео пренос, со што би можел да и даде целосно нова димензија на социјалната мрежа.

Марк рекол дека сака да им ја претстави новата посебна апликација на корисниците на Facebook за пренос во живо. Оваа опција беше позната само за познатите личности, но сега ќе биде масовно достапна за сите.

Моментално развојот е во почетна фаза и крајот би требало да го очекуваме во втората половина на 2016 година.

 
 
27.04.2016 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега