Кучето ја надушкало дрогата - полицајците го сечеле џипот на скопјанец

Мобилните царински тимови во соработка со Министерството за внатрешни работи спречија обид за криумчарење на околу 9 килограми марихуана завчера на Граничниот Богородица, околу еден часот по полноќ.

Синоќа околу еден часот по полноќ на граничниот премин Богородица, за излез од државата се пријави македонски државјанин – возач на патнички автомобил марка HUNDAISanta-FE со македонски регистарски таблички. Согласно претходна најава од Министерството за внатрешни работи, извршена е детална контрола на возилото со помош на царинско куче, при што во праговите од двете страни на возилото се откриени специјално изработени бункери во кои се пронајдени 10 пакувања обвиткани со самолеплива лента и стреч фолија. Во пакувањата е пронајдена непозната зелена тревкаста материја за која по извршеното вештачење е утврдено дека е марихуана со вкупна маса од 8 килограми  и 239 грама.

Како што пишува Дневник, дрогата сакал да ја пренесе 19-годишно момче од Скопје, но полициското куче му ги срушило плановите. 19-годишниот М.С. бил фатен со 9 кила дрога која требало да заврши во Турција. 

Цариниците откако кучето ја надушкало дрогата, со специјални ножици го исекле бункерот во автомобилот и го спречиле младиот скопјанец во намерата.

 
 
27.04.2016 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега