Нема повеќе јадење ќебапи во Москва

Московската градска управа одлучи да ја забрани улична продажба на ќебапи, со образложение дека организаторот на оваа ориентална брза храна одбива да инвестира во хигиената, јави популарната независна радио станица Ехото на Москва.

За таа одлука извести началникот на градскиот Одел за трговија и услуги, Алексеј Немерјук.

- Формат на продажба како што е ќебапот во шемата на распределба на уличната продажба во Москва повеќе нема. Моментално работат одделни штандови на кои не им е истечен закупот. Ние ќе ги повлечеме ќебапите од улица и повеќе нема да ги има, категоричен е Немерјук.

Притоа истакна дека повеќекратните посети на санитарните инспектори потврдиле дека сопствениците на штандовите „немаат никаква желба да поднесат и најмал трошок за согласност со важечките санитарни прописи“

 
 
27.04.2016 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега