ФОТО: Логоварди ќе добие повеќенаменско игралиште

Градежната сезона започна, а активностите во општина Битола се во полн ек. Согласно предвидената програма на општина Битола, градежни активности се реализираат и во урбаниот и во руралниот дел.

Градоначалникот на општина Битола денеска го посети селото Логоварди каде во тек е изградба на повеќенаменско игралиште.

-,Пред извесно време тука направивме асфалтирање на улиците до 1 км. Се разбира дека треба да завршиме и со некои други интервенции, но голема желба и интерес на мештаните беше да имаат едно повеќенаменско игралиште. Се работи за игралиште кое што ќе биде за мал фудбал, ракомет и одбојка. Очекуваме најдоцна за 60 дена активностите да бидат завршени. Вредноста на ова игралиште е 1 600 000 денари, изјави градоначалникот Владимир Талески.

logovardi igraliste1

За руралниот дел, во завршна фаза е изборот на надзор за средување на каналската мрежа во Логоварди, Поешево и Егри. Откако документацијата ќе биде комплетирана ќе започнат активностите и на овие места.

 
 
26.04.2016 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега