Пресуда по 27 години: За смртта на 96-те навивачи на „Хилсборо“ виновна е полицијата!

Една од најголемите фудбалски катастрофи која се случила во 1989. година, а во која загинаа 96 навивачи на Ливерпул (и 766 повредени), конечно го доби својот судски епилог. Поротата одлучи дека фудбалските фанови не настрадале во несреќен случај и од својата небрежност во буткањето, туку дека со низа пропусти всушност се - убиени. Во тогашното полуфинале на ФА купот на 15. април 1989. играле Ливерпул и Нотингем Форест на неутралниот стадион „Хилсборо“ во Шефилд, а за големата трагедија - сега е јасно - виновна е полицијата. Одлуката на поротата јавноста и семејствата на загинатите ја поздравија со голем аплауз и спонтано пеење на "You'll never walk alone".

 

 

 

 

 
 
26.04.2016 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега