Тито, Сталин, Хитлер, Фројд и Троцки живееле на исто место

Пред повеќе од еден век и во очи на Првата светска војна во центарот на Виена во еден краток период живееле и Адолф Хитлер, Јосиф Сталин, Јосип Броз Тито, Сигмунд Фројд и Лав Троцки, открива Би Би Си.

Пред да го пронајдат Сталиновите убијци во Мексико, Троцки опишал како во јануари 1913. година извесен Ставрос Пападопулос од Краков стигнал во Виена со воз.

Имал само дрвен куфер и чукнал на вратата на Троцки.

- Беше низок, слаб, смеѓо-сивата кожа на лицето му беше рошава. Во неговите очи немаше ни трошка милост, го опишал Троцки човекот кој всушност бил Сталин.

Сигмунд Фројд во тоа време веќе бил реномиран основоположник на сосема нова научна дисциплина. Имал 57 години и бил икона не само во Виена и Австроунгарската монархија, туку и во целиот западен свет.

Јосип Броз Тито, дваесет и едно годишник, таа година работел во Дајмлеровата фабрика за автомобили во Виенер Неуштад, а низ Виена шетал барајќи каква било работа, и секако, начини да се забавува.

Во тоа време во градот бил и извесен 24-годишен Австриец, со потекло од самата граница на Австрија и Баварија, кој не можел да го прежали фактот што два пати го одбиле на приемниот изпит во виенската Академија на уметности.

Тоа бил Адолф Хитлер и живеел буквално на границата на сиромаштија. Во самиот центар на градот се наоѓала и резиденцијата на надвојводата Франц Фердинанд, но тоа и не е некој куриозитет, иако следната година неговото убиство во Сараево го запали фитилот кој империјалистички поделениот свет го вовлече во светска војна.

Културно влијание

Виена во тоа време била многу популарна за собирање затоа што била центар на не толку централно уреденото царство со 50 милиони жители, во кое се зборувале 11 јазици, помеѓу 15 големи нации.

Јосип Франк на сите им дозволил државјанство и пристап до училиштата и факултетите. Постоело јавно здравство. Се развивала сообраќајната мрежа.

Виена била град во кој цветала уметноста, во кој се мешале сите тие различни културни влијанија и кој до тогаш темелно развил свој начин на живот со собирање во кафеаните. Денес е познато дека Фројд сакал да се гледа со пријателите во  кафулето Ландман, а Хитлер и Троцки го посетувале кафулето Централ.

Со избивањето на војната, секој од нив петорица почнал да го менува светот на свој начин.

 
 
26.04.2016 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега