Реализација на четири инфраструктурни проекти во Свети Николе

 

Денеска во присуство на градоначалниците  на Свети Николе  и Велес, Зоран Тасев и Славчо Чадиев,  на неколку локации во општина Свети Николе беа ставени камен темелници за реализација на четири инфраструктурни објекти.

Имено во село Црнилиште, започна изградбата на  канализациона мрежа која ќе ги опфати сите домаќинства  на селото во кое живеат над 500 жители.  Денес стартуваше и изградбата на  локалниот патен правец  кон село Орел во должина од околу 5 километри,каде ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозната лента и ќе биде поставен нов слој асфалт.

Покрај тоа во општина Свети Николе ќе се работи и на инфраструктурно уредување на излетничките  места Ѓуриште и Мавровица кои светиниколчани  ги користат за излети, одмор и рекреација.

Покрај сопствените средства од локалната самоуправа,   за  реализација на сите овие проекти планирани се околу 40 милиони денари, и  од  вардарскиот плански регион  и од агенцијата за рурален развој на Република Македонија. Изградбата на автопатот Скопје – Свети Николе – Штип, уште повеќе ќе ја зголеми потребата  за инфраструктурно зајакнување на општина Свети Николе во сите сегменти на живеењето, па токму затоа овие проекти  ќе добијат поголемо значење со нивната реализација.

„Во Црнилиште жителите од оваа село не веруваа дека по многу години некој ќе ги разбере и ќе им помогне. Градоначалникот на една од средбите со нив вети дека Црнилиште ќе добие канализација, а тоа денес се  реализира. Упатувам голема благодарност до Градоначалникот Зоран Тасев и до Владата на Р. Македонија.“ – вели Ико Алексовски Претседател на Месна заедница на село Црнилиште.

sveti-nikole-4

sveti-nikole-3

sveti-nikole-3

sveti-nikole-2

 
 
25.04.2016 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега