ВИДЕО: Паметно огледало кое ви кажува дали слабеете!

Сакате да бидете слаби, но не сте сигурни на каков режим на исхрана да се ставите и на кои делови од вашето тело најмногу треба да поработите? Новиот уред кој наликува на огледало во тоа може да ви помогне.

„Магичниот уред“ Naked 3D Fitness Tracker не служи само да се погледнете како изгледате туку за само 20 секунди го скенира вашето тело и податоците преку апликација ќе ви пресмета каде имате најмногу мускулна маса, а каде имате вишок на маснотии исто така можете преку ова огледало да ги пратите промените на вашето тело по вежбање.

Naked 3D Fitness Tracker наскоро би требало да се најде на пазарот, а цената е прeдвидена да биде окoлу 500 долари.

 
 
24.04.2016 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега