Руши се пред себе: Ова е новото руско оклопно возило „тигар“ (ВИДЕО)

На Парадата на победата на 9. мај на Црвениот плоштад во Москва за прв пат ќе биде прикажано оклопното возило „тигар’, соопшти началникот во Министерството за одбрана на Русија Михаил Осико.

- На парадата ќе бидат претставени околу 100 примероци на возила. Ќе продефилираат „армата“, „курганец“, „бумеранг“, противтенковскиот ракетен комплекс „корнет“. И ќе биде прикажано усовршеното возило „тигар“ со управувачки модул - ова возило на минатогодишната парада не беше, рече Осико.

Според неговите зборови, оклопното возило „тигар“ е задолжено за пратење на колони и превоз на техника.

ГАЗ-2330 „тигар“ е руско повеќенаменско оклопно возило кое се произведува во Армазас.

 

 
 
24.04.2016 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега