Принс кремиран на приватна церемонија

Американскиот музичар Принс (57) кој почина во четвртокот во Минесота, е кремиран по одржана приватна церемонија на која биле неговите роднини, пријатели и музичари.

Неговата соработничка, Ивет Ноел Шур соопштила дека членовите на неговото семејство се собрале на приватна и прекрасна церемонија за да се простат од него.

Не е објавено каде е била одржана церемонијата, но некои музичари биле видени како влегуваат на имотот на Принс кој се наоѓа во Минесота. Таму се видени и неговата сестра, Тајка Нелсон како и зетот Морис Филипс.

Инаку, Шур рекла дека анализите од аутопсијата ќе бидат готови за 4 недели, а до тогаш не се знае причината за неговата смрт.

 
 
24.04.2016 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега