МОЌНО ВИДЕО: „Македонци сме најмногу затоа што сме страдале на македонски“

„Македонци сме најмногу само затоа што сме страдале на Македонски“. Со моќна порака, Фејсбук групата Македонија објавува видео од вчерашниот голем народен собир во Скопје.

„Македонци сме најмногу само затоа што сме страдале на Македонски. Никогаш не и се израдувавме на татковината. Со едната рака ја оравме, со другата ја браневме. Ние Македонците, никогаш досега, ниту куќа, ниту црква, со туѓ камен не изградивме!

Македонија е икона на Балканот, Македонија е црква на Европа, Македонија е манастир на светот!

Браќа и сестри, иста мајка не раѓала, исти куршуми не гаѓале, иста ортома ни ставале на вратот, иста кама ни го сечела гркланот. Главата горе!“.

 

 
 
22.04.2016 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега