Билатерални средби на Попоски на министерскиот состанок во Солун

Во рамки на министерскиот состанок што се одржа вечера и денеска во Солун, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски имаше билатерални средби со неговите колеги, министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија и Албанија, Никос Коѕијас, Даниел Митов и Албанија Дитмир Бушати.

На средбата со Коѕијас, како што соопшти Министерството за надворешни работи, двајцата министри ја истакнале волјата за продолжување на соработката поврзана со бегалско-мигрантската криза, како и за сите останати области од взаемен интерес, особено во доменот на граничната контрола и превенцијата на пограничните инциденти.

- Се разговараше и за темите за средбата на работните групи на двете министерства за надворешни работи за мерките за градење доверба која е предвидено да се одржи следната недела во Скопје. Посебен акцент во овој домен беше посветен на соработката во културата и образованието, при што, меѓу другото, се најави склучување на договор за соработка помеѓу Атинскиот и Охридскиот Универзитет, се вели во соопштението од МНР.

На средбата со Митов, пак, двајцата министри разговарале за справувањето со бегалско-мигрантската криза. Била истакната поддршката на Бугарија за евроинтегративниот процес на Македонија, а биле изразени и очекувања за што поскорешно усогласување на текстот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Во рамки на состанокот Попоски се сретнал и со министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати. 

 
 
22.04.2016 - 14:27
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега