Вечерва има полна розова Месечина - погледнете каков период не очекува

Розовата полна Месечина е името за најмалата полна Месечина во годината.

Тогаш нашиот сателит е најоддалечен од планетата. Оваа година се наоѓа во Скорпија, а неговите дејство дури сега ќе ги почувствуваме. Ако го додадете кон тоа и фактот дека Марс е ретрограден, а и Меркур се подготвува да тргне по тој пат, повеќе од јасно е дека не очекува бурен период.

Полната Месечина во Скорпија овој пат е во опозиција со Сонцето, кое е во Бик, што во превод значи дека може да дојде до големи проблеми во полето на финансиите и љубовта. Вечерва е идеална вечер за секс и сите астролошки знаци ќе чувствуваат засилена сексуална енергија. За тие што сакаат сериозна врска овој период не е многу поволен. Во овој период може да дојде и до крај на љубовни врски, особено оние што се засновани само на физичка привлечност.

Со оглед на тоа што Скорпијата е асоцијација за мистерија и тајни, ќе имате зголемени инстинкти, а можно е да се откријат долго криени тајни. Генерално гледано, ни претстои страствен и возбудлив период.

 
 
22.04.2016 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега