Драма во болница во Белград: Пациент влета со нож - двајца се борат за живот

Уште еден крвав настан во болница го потресе Белград. Двајца медицински техничари се тешко повредени откако пациент влетал во болницата бесен со нож. Како што пишуваат српските медиуми, инцидентот се одвивал во болницата Лазо Лазаревиќ.

Едниот од медицинските техничари се здобил со повреди на раката, а другиот со повреди на рамото.

Повредените лица се пренесени на Ургентен и се во тешка состојба. И двајцата се борат за живот.

Засега не е познат мотивот за нападот на одделот за невропсихијатрија.

 

 
 
22.04.2016 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега