Крв пронајдена на патиките на Јелена - нова трага во убиството

Полицијата наводно дошла до нови докази за свирепото убиство на пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, кое го потресе целиот регион.

Полицијата веќе три недели трага по убиецот кој брутално ја уби 33-годишната мајка на петгодишна ќеркичка. Тој со 30 удари од дрвена палка ја усмрти младата жена па ја фрли во канал.

Според најновите податоци од извори блиски на истрагата, најверојатно е пронајдена една патика на Јелена, а на неа имало ДНК која можеби може да покаже кој е убиецот за кој регионот се крена на нозе, пренесе Пинк.

Инаку, вчера беа пронајдени и снимки кои се дадени на вештачење. Повеќе за нив погледнете ТУКА.

Исто так, ислушани се и нови сведоци кои откриваат дека нешто чудно се случува со семејството Марјановиќ. За тоа повеќе прочитајте ТУКА.

 

 
 
21.04.2016 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега