Се откажува лидерската средба во Виена - главна причина Зоран Заев

Лидерската средба која требаше да се одржи во австрискиот главен град Виена се откажува. Како што објави Република, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, утре требаше да биде домаќин на четворицата македонски политички лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети.

Како што дознава Република, главна причина за откажување на лидерската средба е барањето на Зоран Заев за прекршување на уставот и одложување на изборите.

Утрово беше најавено дека „куќата на ЕУ“ во Виена веќе се подготвува салата за состанокот за решавање на македонската политичка криза и неофицијално, европските посредници ги очекуваат сите повикани да присуствуваат на лидерската средба која би се одржала и со отсуство на некој од нив.

За потсетување, новата рунда разговори меѓу тројката европратеници и македонските политички лидери имаше за цел да се стави крај на кризата.

 
 
21.04.2016 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега