Нож во стомакот мотика по глава - крвава тепачка во Тетово

Две лица завршиле во болница по тешачка која вчера се случила во близина на тетовското село Мерово, јавува Дневник. Според информациите вчера попладне 31 годишниот Ш.С. и неговиот татко М.С започнале вербална расправија со 45 годишниот Љ.А.. Расправијата набрзо ексалирала во тепачка, по што Љ.А. со нож го прободел во стомакот 31 годишниот Ш.С. На ова реагирал неговиот татко кој со мотиката која ја имал во рацете го удрил Љ.А. по главата. 
Двајцата повредени веднаш биле префрлени во тетовската болница, а прободениот Ш.С. поради сериозноста на повредите донесен е во Кличничкиот Центар во Скопје.

Полицијата излегла на терен и го документирала случајот, а по неговото расчистување, се најавуваат и соодветни пријави

најчитано сега