ГДОМ во Велес: Остра осуда за вандалското однесување кон културно-историските споменици

Актерот Васил Зафирчев беше дел од масовниот народен собир на Граѓанското движење за одбрана на Македонија во Велес.

-Она што ни се случува последниве година ипол, особено минатава седмица е големо премрежје за нас како народ, но и голема историска пресвртница во поновата историја на Македонија. Обидите за рушење на интегритетот и суверенитетот на  нашата држава најостро ги осудувам. Најостро го осудувам вандалското однесување кон културно-историските споменици во централното градско подрачје на нашиот главен град кои претставуваат дефиниција на нашиот културен, историски, национален идентитет. Нешто по што се препознаваме меѓу себе, нешто со кое се идентификуваме и нешто со кое се разликуваме од другите нации и народи во светот, рече Зафирчев.

veles-3

Актерот со посебен акцент го осуди сквернавењето на Порта Македонија за која вели дека претставува триумф во македонските напори и обиди да го зачуваме и одржиме македонскиот национален идентитет.

vasil-zafircev-gdom

Целиот негов говор, погледнете го во продолжение.

 

 
 
20.04.2016 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега