Со водени топови полицијаа во Истанбул спречуваше свадба

 

Турската полиција синоќа употреби водени топови за да ги растури антивладините демонстрации во Истанбул, соопштија светските агенции.

Судирите избувнаа откако стотици лица се обидоа да влезат во паркот Гези за да присуствуваат на свадбата на двојка, која минатиот месец се запознала во паркот за време на антивладините протести.

Полицијата го затвори паркот за да не дозволи оддржување на церемонијата, по што ги избрка демонстрантите по околните улици и прибегна кон употреба на водени топови.

Нема информации за евентуални жртви и повредени