Милошоски: СДСМ доби се` што побара, единствено што нема е поддршката од народот

Исполнети се сите услови кои СДСМ ги бараше пред 2 години, да имаме нова Државна изборна комисија каде што владејачкото мнозинство се откажа од сопственото множество во ДИК, да имаме Влада каде претседателот на владејачката партија нема да биде на премиерската позиција, и тоа го имаме повеќе денови од што беше предвидено. Да имаат министри, заменици, дополнителни заменици министри, и тоа го имаат. Единствено што немаат е поддршка од народот.

Antonio-Milososki-740x320-t

Ова го истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој беше гостин во Вестите на ТВ Сител.

-Но, ВМРО-ДПМНЕ, ниту ДУИ, ниту ДПА, ниту ДОМ, ниту ГРОМ, ниту било која друга партија не може да биде одговорна за имањето или немањето народна поддршка за програмата на СДСМ. Прво треба да ја видиме таа програма па потоа за дискутираме за неа и мислам дека ги имаме сите услови за избори, единствено не е исполнет условот или желбата на г-дин Заев тој да биде победник на тие избори.

Но, додаде Милошоски, за тоа не одлучуваат ни политичарите, ни медиумите, туку граѓаните.

-И затоа сметам дека ќе биде доблесно и во интерес на државата ако СДСМ остане на својот даден збор и на својот потпис и ги прифати изборите и како решение за излез од оваа политичка криза која ја наметнаа но и пред се како давање на главен збор на граѓанинот и на народот да може да ја изрази својата изборна волја.

 
 
19.04.2016 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега