Фасцинантна анимација: Погледнете од минута во минута како тонел Титаник

Видеото трае 2 часа и 41 минута, точно колку што било потребно и последниот дел од бродот да потоне.

За патничкиот брод РМС Титаник веројатно веќе многу сте читале. Можеби сте погледнале и некој документарен филм, а можеби и оној играниот на режисерот Стивен Спилберг, во кој фантастични улоги одиграа Леонардо ДиКаприо и Кејт Винслент.

Меѓутоа, вакво нешто сеуште сте немале прилика да видите, врвна анимација во каја во реално време е прикажано потонувањето на бродот.

Со други зборови, три надарени момчиња - Томас Лински, Метју ДеВинкелер и Кајл Худак - прикажале во 2 часа и 41 минута што се се случувало во ноќта на 14. април 1912 година, од појавата на кобната санта мраз па се до кадарот кога и последниот дел од бродот исчезнал под површината на морето.

Во анимацијата повремено ќе можете да видите како изгледа и внатрешноста на бродот, но и да слушнете морничави звуци во моментите додека џинот долг 269 метри и широк 28 метри исчезнувал.

Потсетуваме, Титаник тргнал од пристаништето во Саутемптон на своето прво прекуокеанско патување кон Њујорк, а во настојувањето да ја освои Сината трака на Атлантикот, капетанот Едвард Џон Смит намерно тргнал по пократок курс, посеверен од пропишаниот. 

Титаник со брзина од 22 чвора се судрил со санта мраз, а од 2.223 патници и членови на екипажот, преживеале само 706. Загинале 1.360 мажи и 157 жени и деца.

 
 
19.04.2016 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега