Пејачката раскажа: Доживеав хорор во собата со икони на свекрвата на Јелена
Пејачката Инди доживеала трауматично искуство кога нејзината колешка и најдобра пријателка, трагично починатата Јелена Крсмановиќ, ја однела во собата со икони на нејзината свекрва која се занимава со биоенергија и исцелување.
Таа во една прилика и се пожалила на пејачката на Гранд дека има проблеми со здравјето, а таа пак и одговорила дека ќе ја однесе кај севкрвата која ќе и помогне. Вели дека се случувале сцени как во хорор филм.
- Почнав да се тресам и потам, а потоа и да се гушам кога влегов во собата со иконите и свеќите. Зорица, свекрвата на Јелена ме праша дали сум крстена, а кога и реков не ми рече дека затоа ми е лошо. Беше ужасно, вели Инди.
Пејачката додава дека е сигурна дека не било заради тоа, и онака свекрвата на Јелена знаела во која религија е таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа