Центарот на Скопје затворен за сообраќај - еве каде не се вози

Поради најавените протести за вечерва  центарот на Скопје од попладнево е блокиран за сообраќај. Не се пропуштаат возила на  ул. „11 Октомври“, од крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ до крстосницата со булевар „Климент Охридски“, како и  на улиците „Даме Груев“ и „Војвода Васил Аџиларски“. Сообраќајната полиција го пренасочува сообраќајот по околните булевари и улици.

Поставени се и заштитни огради на улица „11 Октомври“ околу Собранието на Република Македонија, каде синоќа се одржаа протести по завчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивни соработници поврзани со прислушувањето и политичката криза.

 
 
14.04.2016 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега