Ибраими: Безпотребно е моето помилување од страна на Иванов

Членот на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими, против кого е поднесена кривична пријава од страна на СДСМ за локалните избори во 2013 година, а кој сега со одлуката на претседателот Иванов е аболиран, денеска изјави дека неговото помилување е безпотребно и бескорисно.

- Одлуката за моето помилување и запирање кривична пријава за дело кое не постои, а немаме никаков одговор од Основното јавно обвинителство, ниту од Специјалното јавно обвинителство, е безпотребно и бескорисно затоа што не постои никакво кривично дело, рече Ибраими.

Тој додаде дека за кривичната пријава што е поднесена против него има дадено изјава пред Основното јавно обвинителство и пред Специјалното јавно обвинителство, за кое, како што рече, го почитува бидејќи е обвинителство формирано со закон. 

 
 
13.04.2016 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега