Сопругот на Јелена побегна од место на убиството - се плаши за неговата безбедност
Убиството на пејачката од „Гранд“ Јелена Марјановиќ (33) од Борча меѓу мештаните на овој дел од Белград од ден во ден искажува страв, дали од семејството во која била омажена, почнале да ги гледаат со презир.
Од страв дека ќе биде линчуван, но и да се тргне од очите на јавноста, Марјановиќ заедно со петгодишната Јана заминале од семејната куќа.
- Излегов до продавница и ги почуствував погледите кон себе. Никој ништо не ми рече, но забележав дека луѓето пинаку ме гледаат. Мојот Зоран е претставен како ѕвер, како убиец. Ми побеле косата од тоа што се пишува по медиумите, вели за српски Ало, Владимир Мирјановиќ, свекорот на убиената пејачка.
Тој рекол дека последните денови не смее да излегува од куќата и затоа ја донеле одлуката некое време да се отсели од неа. Како што вели тој, го преставуваат неговиот син како убиец, секташ и чудак.
Недалеку од нивната куќа на насипот Црвенка, полицијата вчера го пребарувала местот каде е најде мртва пејачката. Инспекторите однеле неколку работи кои би можеле да помогнат за откривање на убиецот. Меѓу мештаните вчера се зборувало дека полицијата нашла и некои чизми.
- Десет дена полицијата е во Борча, ја претресуваат секоја куќа, ми се чини дека ја знаат напамет секоја тревка на насипот. Ако пронашле чизми, тие веројатно не се од убиецот. Како деновите минуваат, се сомневаме дека таа е убиена тука. Веројатно ја убиеле на друго место, па тука ја фрлиле, вели еден од мештаните кој додава дека се плаши од помислата дека убиецот е можеби некој меѓу нив.
За, потсетување, српската пејачка Јелена Крсмановиќ Маријановиќ е убиена на 2. април откако трчала по насипот Црвенка. Таа е брутално убиена со 30 удари по главата. По убиството нејзиниот сопруг беше на сослушување во полиција цели 48 часа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа