Саша Поповиќ откри што Јелена ја чинеше живот!
Директорот на Гранд Продукција, Саша Поповиќ сними посебна емисија во знак на сеќавањe на Јелена Марјановиќ која беше брутално убиена во населбата Црвенка, Борча. Саша се наврати на кариерата на Јелена, првиот нејзин настап, како и во 2014 година, кога пејачката имаше амбиции да се врати на сцената. Тогаш таа снимила дует, а сакала и да ја доведе својата линија во ред, со цел во полн сјај да се врати на сцената.
"Се пожали на физичкиот изглед. Ми рече дека Зоран ја будел и и велел дека мора да трча. Трчала често за да ја врати својата стара килажа. И јас тоа го направив кога видов како и оди. Ете таа се стави во ред..." рекла Инди која била најблиската пријателка на Јелена. И самиот Саша Поповиќ признал дека се изненадил како Јелена за толку кратко време ја донела својата линија во ред.
"Јас ја прашувам што правиш Јецо, вели она "трчам Сале, тука кај нас во Борча" и гледаш тоа трчање ја чинеше живот сред бел ден", рекол Саша Поповиќ, на што Нада Топчагиќ надоврзала.
"Имаше 30 убоди, мораше перика да и стават. Но таа беше јака. Кога ќе удреше во вреќа... мене ме чуди како некој можел, морале да бидат повеќе луѓе, или некој од зад грб, тоа се мои претпоставки", рекла Нада.
12.04.2016 - 20:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа